Диетална чорба со леблебии – вкусен и здрав оброк!

 
 

Во периодите кога поради здравствени или пак, естетски причини сакате да внимавате на исхраната и да се храните здраво, оваа чорба ќе биде вистинскиот избор за вас.

Состојки:
– 160 гр леблебии
– 1 мала главица кромид
– половина чешне лук
– киселец
– 300 гр пасиран домат
– 8 дл супа од зеленчук
– маслиново масло
– сол
– лута пиперка

Подготовка:
Ставете леблебии во сад, налијте ги со млака вода и оставете ги да отстојат 12-24 часа, променувајќи ја водата најмалку еднаш за тоа време.

Исцедете ги леблебиите, префрлете ги во тенџере, прелијте ги со студена вода и гответе ги 2 часа. Исцедете ги повторно, па третина од леблебиите изблендирајте.

Исечкајте киселец. Излупете кромид и лук и исечкајте ги, па пропржете ги во тенџере на неколку лажици масло. Додајте киселец, потоа и целите и изблендираните леблебии, па на крај пасираниот домат.

Гответе неколку минути, па додајте супа, поклопете и гответе дваесетина минути.

Посолете, зачинете со малку сечкана лута пиперка и послужете со топол потпечен леб.

Крв да ви се стори!

(49)

Вашиот коментар