Идеална за есен и зима: Супа со лук, морков и компири

 
 

Се што ни треба за ладното време, супа со моркови и компир.

СОСТОЈКИ:

  • 1-2 моркови
  • 1-2 компири
  • ½ кромид
  • 1-2 чешни лук
  • 1-2 лажици гриз
  • масло, вегета, бибер и магдонос

ПОДГОТОВКА:

  1. Се пржи кратко на масло сечениот кромид, па се додава ситнет лук и се пржи.
  2. Се лушпат морковите и компирите, се рендаат и се додаваат да се пржат.
  3. Се става гриз и потоа чаша ипол вода.
  4. Се остава да врие се да омекне.

На здравје!

(18)

Вашиот коментар