Како да направите совршено пире од компири

 
 

Грутки во компир пире? Звучи познато? Професионалните готвачи овој проблем го немаат. Во што е тајната?

Во посебната состојка која компир пирето го прави мазно, но и уште повкусно. Се работи за крем сирење.

Оваа состојка многумина не ја ставаат во компир пирето, но кога еднаш ќе пробате, сигурно омиленото пире ќе го подготвувате на овој начин.

Состојки:

2 кг компири, 2 лажици сол, 3 лажици путер, ½ шоља крем сирење, ½ шоља млеко, сол и бибер.

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Ставете го компирот во тенџере и додадете вода. Ставете сол и добро измешајте. Варете 15 до 20 минути, додека водата не почне да врие и додека компирот не омекне онолку за да може да се прободе со вилушка.

Исцедете го компирот, вратете го во тенџерето. Додајте го путерот, крем сирењето, млекото и мешајте со миксер додека смесата не стане мазна. По желба додајте сол и бибер.

(146)

Вашиот коментар