Колач со газоза и вишни – ова не се пропушта

 
 

Доколку успеавте да замрзнете завидно количество на вишњи ова лето, тогаш овој рецепт сигурно ќе ви се најде при рака наредниот пат кога ќе сакате да ги изненадите позитивно вашите домашни или најавените гости…

Пандишпан
♦ 300 гр. брашно
♦ 100 гр. мелени бисквити
♦ 200 гр. шеќер
♦ 2 пакетчиња ванилин шеќер
♦ 2 лажици какао
♦ 1 лажичка сода бикарбона
♦ 500 мл. газоза
♦ 125 мл. масло

Прелив
♦ 40 (+-) свежи вишни
♦ 200 гр. шеќер во прав
♦ 50 гр. маргарин
♦ 4 лажици вода
♦ 2 лажици какао
♦ 1 пакетче ванилин шеќер

Пандишпан: Се мешаат сувите состојки, ги додаваме газозата и маслото. Состојката ја ставаме на намачкано тавче со масло и ставаме да се печена 180 степени, 15 минути.

Оставаме да се излади, потоа со дрвена лажица правиме дупчиња во кои ќе ги ставиме вишните (без семки).

Прелив: На тивок оган се изедначуваат состојките за да се добие убава чоколадна смеса.

Од преливот се става во секое дупче пред и после вишните, а со остатокот ја преливаме целата торта која потоа ја сечеме на коцки и ја оставаме во ладилник за добро да се излади.

(77)

Вашиот коментар