Кремаста палента: Евтин и здрав доручек кој ќе го обожавате!

 
 

Некогаш скромна храна, денес вистински здрав специјалитет кај многу семејства.

СОСТОЈКИ:

  • 4 шолји вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 шолја палента
  • 3 лажици путер
  • 1/2 шолја свежо изрендан пармезан

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во сад за готвење со средна големина ставете вода, додајте сол и оставете водата да зоврие. Лесно ставете палента, но во исто време постојано мешајте ја смесата за да не останат грутки.
  2. Намалете ја температурата и оставете водата полека да испари, но и понатаму мешајте ја смесата додека палентата не згусне.
  3. Кога ќе се зготви тргнете од шпорет и додајте во неа путер за да биде уште покремаста и повкусна. Ако сакате, можете да додадете и пармезан.

Добар апетит!

(189)

Вашиот коментар