Крцкаво пилешко во овесни снегулки: Брз и здрав оброк од рерна

 
 

Со вака подготвеното пилешко како идеален прилог послужете и помфрит од рерна.

Состојки:
– 600 гр бело пилешко месо
– 1 рака овесни снегулки
– 3 лажички сенф
– 3 лажици масло
– сол

Подготовка:
Една рака овесни снегулки ставете во кеса за замрзнување и иситнете ги со чекан за месо, но не премногу.

Измиеното и исцедено пилешко посолете го и премачкајте го со три лажички сенф. Добро извалкајте во иситнетите снегулки и ставете во тепсија во рерна. Печете заедно уште 30 минути, на 200 степени.

Добар апетит!

(98)

Вашиот коментар