Куркума лате, вистинскиот вкус на сите ваши денови

 
 

Еден од моментално многу популарните здрави напитоци е дефинитивно кафето од куркума, познато како златно млеко или куркума лате.

Многумина го користат како замена за утринското кафе и со него го почнуваат својот ден бидејќи латето со куркума освен што го загрева организмот, му дава своевидна „енергетска“ инјекција, а тука е и голема низа здравствени придобивки. Почнете да си го приготвувате наутро уште од утре.

Потребно е:

  • 1 лажица куркума во прав
  • 120 мл вода
  • 2-3 лажици ситно сечкан ѓумбир
  • 350 мл бадемово млеко
  • Малку јаворов сируп
  • 1 лажиче кокосово масло
  • Малку цимет

Приготвување:

Во сад измешајте ги куркумата, водата и ѓумбирот па сето тоа варете го на тивок оган, додека да добиете текстура на фина каша.

Смесата покријте ја во стаклен сад со капак кој можете да го чувате во фрижидер.

Кога ќе одлучите да направите куркума лате, загрејте ги, со непрестано мешање, млекото, пастата од куркума, јаворовиот сируп, кокосовото масло и циметот.

По две минути пијалакот е подготвен за пиење.

(131)

Вашиот коментар