Лазања со шунка и печурки

 
 

Лазаните се секогаш добредојдени на секоја трпеза и во секоја пригода. Може да ги приготвите и со месо и без месо за вегетаријанците.

Потребно е:
Плочки за лазањи, 7 јајца, 500 гр. шампињони, 350 гр. буковка, 50 гр. шунка, 4 дл павлака, малку мелено мускатно оревче, 50 гр. рендан кашкавал, магдонос, масло, сол, бибер

Начин на приготвување:
Изматете ги јајцата со павлаката, посолете, ставете малку бибер, мелено мускатно оревче и ренданиот кашкавал.
Посебно исецкајте ги шампињоните и буковката, малку посолете, додадете бибер и исецкан магдонос, пропржете и додадете ја шунката.
Тавата подмачкајте ја со масло, ставете 3 лазања-плочки и намачкајте ги со малку од крем-смесата. Потоа пола од смесата со шампињоните прелијте го врз лазањите.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете околу 45 минути. Петнаесет минути пред крајот истопете малку путер, додадете му магдонос и посипете одозгора.

Крв да ви се стори, на здравје.

(29)

Вашиот коментар