Лазањи со пилешко: Кремасто и сочно јадење кое ќе го нахрани целото семејство

 
 

Малку поинакви лазањи од оние на кои сте навикнати.

Состојки:

– Кори за лазањи
– маслиново масло
– морков
– кромид
– целер
– сецкан магдонос
– 500 гр. мелено пилешко месо
– 60 грама шунка
– сол и бибер
– рузмарин
– 2 дл. бело вино
– лажица брашно
– 2 дл. пасиран домат
– 100 гр. рендано сирење

Подготовка:

Корите за лазањи ставете ги во врела вода малку да омекнат.
Исечкајте го морковот, кромидот и целерот па пропржете ги на предходно загреаното маслиново масло. Додајте ги шунката и месото.

Кога месото ќе стане сиво додајте ги зачините и виното и гответе додека алкохолот не испари.

Сокот од домати и брашното сварете го настрана.

Наредете ги лазањите со тоа што прво ќе ставите кори, па потоа од филот. Одозгора прелијте со домат, ставете го сирењето и печете половина час на 200 целзјусови степени.

(62)

Вашиот коментар