Леблебии со вкус на кари

 
 

Доколку сте љубител на овие намирници, сигурно ќе ви се допадне следниот рецепт.

Состојки:
– 2 чешниња лук
– 1 лажичка рендан ѓумбир
– 2 лажички кари
– 300 гр домати во лименка
– 1 лажица шеќер
– 400 гр леблебии
– сол
– малку јогурт
– малку магдонос

Подготовка:
На загреано масло ставете чешниња лук и ѓумбир да се пропржат околу 30 секунди.

Потоа додајте кари, уште малку пропржете, па ствете домати и шеќер. Кога смесата ќе проврие, поклопете и гответе на умерена температура 10-12 минути.

Ставете леблебии, измешајте и гответе уште четири минути. Посолете, тргнете од оган, па во јадењето додајте малку јогурт и ситно сечкан магдонос.

Добар апетит!

(47)

Вашиот коментар