Манастирска погача

Подготовката е едноставна и погачата е готова за миг.

Состојки:
– 200 г. брашно
– 4 јајца
– 300 г. овчо сирење
– прашок за пециво
– 100 мл. масло
– кисела павлака
– 200 мл. јогурт

Подготовка:
Во длабок сад изгмечете го сирењето, а потоа додадете јајца.

Со вилушка промешајте ги јајцата со сирењето. Додадете масло, павлака и јогурт.

 
 

Помешајте, па додадете брашно заедно со прашокот за пециво. Сето тоа добро соединете го.

Нанесете масло во тепсијата во која ќе печете. Посипете брашно и сипете ја смесата. Добро истегнете ја за правилно да се распореди.

Печете 15 минути на 250 степени.

(632)

  
 

Вашиот коментар