Мармалад од модри сливи со ванила, цимет и рум

 
 

Рецепт за домашен мармалад кој одлично оди со крофни, палачинки, намачкан на парче леб или како мала закуска наместо десерт.

Состојки:

8 кг модри сливи
2 кг шеќер
1 ванилин шеќер
300 мл јаболков оцет
100 мл рум
1 пакување цимет

Подготовка:

Измијте ги и исчистете ги од семките модрите сливи. Потоа во подлабоко тенџере ставете ред сливи, ред шеќер. Оставете така да отстојат најмалку 24 часа за да може сливата да пушти доволно сок.

Откако ќе поминат 24 часа, тенџерето со сливите и со шеќерот ставете го на оган и започнете со подготовката на мармаладот.

Сливите ќе пуштат доволно течност но вие за да не ви загори мармаладот, потребно е повремено да мешате. Откако ќе помине половина од потребното време за подготовка на мармаладот, додадете ги и останатите состојки и продолжете со мешање.

Кога ќе забележите дека мармаладот е доволно густ, тргнете го тенџерето од оган и ставете го мармаладот во претходно загреани тегли.

(73)

Вашиот коментар