Модар патлиџан со тестенини и пилешко

Искористете ја сега сезоната на модриот патлиџан и пригответе вистинско задоволство за вашите непца…

Состојки
– 4 модри патлиџани
– 250 гр ситни макарони
– 1 китка магдонос
– 180 мл павлака за готвење
– 6 јајца
– малку лук
– мускатно оревче

Подготовка
Чекор 1: Ставете ја Вок тавата на рингла да се загрее. Ситно исецкајте 2 чешниња лук и пропржете ги на малку маслиново масло и путер додека да пуштат мирис. Додадете го пилешкото месо. Месото извадено од модриот патлиџан исто така додадете го да се пропржи со пилешкото. Додадете ја павлаката за готвење и мускатното оревче.

Чекор 2: Ситните макарони сварете ги. Сварени додадете ги во пилешкото месо. Исецкајте го магдоносот и додадете го во садот со месото, промешајте и смесата за полнење е готова.

 
 

Чекор 3: Наполнете ги модрите патлиџани со смесата и печете ги на 220 степени со вентилатор, максимум 15 минути. Во осмата минута извадете ги од рерна и секој модар патлиџан прелејте го со матено јајце. Вратете во рерна да се допече.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Овој рецепт е повеќе идеја за поинакво полнење на зеленчукот. Слободно направете комбинација од тестенини и додатоци по ваш вкус.

Крв да ви се стори, на здравје.

  
 

(43)

Вашиот коментар