Намаз од сончоглед

Сите љубители на намази ќе бидат воодушевени од овој сончогледов кој се припрема екстремно брзо, а вкусот е неповторлив. Одличен за доручек, како предјадење додека се мези на маса и се очекува главното јадење или за попладневна закуска.

Состојки
100 г семки од сончоглед (излупени)
100 мл масло за готвење
50 мл вода (се препорачува зовриена па оладена)
1/2 сок од лимон
2-3 чешниња лук
1 лажичка сенф
1 лажичка сол
малку црн пипер, магдонос, куркума

Подготовка
1.Прво и најбитно е сончогледот да се натопи во вода и се остава да набабри барем 4 до 5 часа (или преку ноќ).
2.Исцедениот и набабрениот сончоглед како и сите останати состојќи се ставаат во блендер и се блендираат се додека не се добие густа, хомогена и мазна смеса.
3.Накрај се зачинува по желба, повторно малку се меша и се става во соодветен сад со капак. Намазот се чува во ладилник.

Крв да ви се стори, на здравје.

 
 

(380)

Вашиот коментар