Направете вкусна домашна штрудла од јаболка

 
 

Јаболкото е овошје кое се јаде преку целата година. Имаат освежителен, кисело-сладок вкус и е едно од најдобрите и најздрави намирници кои би требало да се користат во секојдневната исхрана.

Еден килограм јаболки има 600 калории.

Јаболката се разградува во желудникот за 15-20 минути. Ако се јаде во комбинација со друга храна во желудникот, таа се задржува и по неколку часа, па затоа се препорачува да се јаде половина час пред главниот оброк или неколку часа по оброкот. Па бидејќи изобилува со витамини ние ви предлагаме одличен рецепт за штрудла од јаболка.

Потребни состојки:
– 750 гр. домашни јаболка, излупени и исецкани
– една и пол лажичка цимет во прав
– половина цеден лимон
– 100 гр. кафеав шеќер
– 75 гр. суво грозје
– 95 гр. путер
– 40 гр. лебни трошки
– шест готови кори за печење
– една лажичка шеќер во прав

Начин на подготовка:
Најпрво загрејте ја рерната на 190 Целзиусови степени а потоа започнете со мешање на исецканите јаболка со циметот, лимоновиот сок, кафеавиот шеќер и сувото грозје.

Во мал сад истопете 20 грама путер и пропржете ги лебните трошки додека не добијат златножолта боја и веднаш потоа, додадете ги во смесата со јаболката.

Со остатокот од путерот премачкајте ги корите, така што ќе започнете со редење една врз друга. Потоа, ставете ги јаболката на корите и замотајте ги во штрудла. Вовлечете ги краевите навнатре за да одбегнете течење на смесата во текот на печењето. Премачкајте ја штрудлата со остатокот од путерот и ставете ја да се пече.

Откако ќе се испече по 40 до 45 минути оставете да се излади на и наросете шеќер во прав.

Добар апетит!

(115)

Вашиот коментар