Омлет со компири

 
 

Идеален рецепт за појадок или вечера. Вкусен и лесен за подготовка со достапни намирници.

Состојки:
● 4 компири
● 8 јајца
● маслиново масло
● сол и бибер

Подготовка:
● Излупете ги компирите, исечете ги на кругови, а потоа секој круг на четири дела. Пржете ги во врело масло додека да станат крцкави.

● Посолете ги компирите, па додате ги во чинија каде сте ги изматиле јајцата со малку сол.

● Сипете ги јајцата со компири во тава со маслиново масло, додека се испржат и јајцата. Ова предјадење е одлично и кога се сервира топло и ладно.

Крв да ви се стори!

(73)

Вашиот коментар