Оргинален рецепт за лесковачка плескавица

Ако сакате да се истакнете наредниот пат кога вие ќе бидете скара мајстор, тогаш би ви било од значење доколку знаете и сами да си ги приготвите плескавиците. Затоа повелете, рецепот за надалеку прочуената лесковачка плескавица…

Состојки:
– мала лажица Црн пипер
– малку сол
– 700 грама свинско мелено
– 2 лути пиперчиња
– 100 милилитри масло
– 100 грама кромид
– 50 милилитри кајмак
– 1 лажица дафинка
– 1 главица лук
– 300 грама јунешко мелено

Подготовка:
Кромидот и феферонките измешајте ги со месото, додадете лук, црн пипер, зачинска сол, и сол па сè измесете во хомогена смеса.
Од подготвената смеса обликувајте плескавици дебели 1 см. Печете ги на скара или пржете во тефлонско тавче на малку масло. На испечените плескавици, додека се уште топли, ставете по една лажица кајмак и веднаш послужете.
Месото е убаво измесено кога ќе се одвојува од рацете.

Крв да ви се стори, на здравје.

 
 

(483)

Вашиот коментар