Освежителна есенска салата со зеленчук и јаболка, збогатена со дресинг

 
 

Оваа салата со брокула, јаболка и други здрави додатоци е идеална за есенската сезона.

osvezhitelna-esenska-salata-so-zelenchuk-i-jabolka-zbogatena-so-dresing-01.jpg

Брокулата, оревите, сувите овошки, и јаболката се совршен спој на солено и благо и иако можеби звучи чудно, вкусот ќе ве изненади.

Плус е „потопена“ во дресинг, кој дава уште побогат вкус и ќе ви стане омилен оброк кој ќе ве најадува, а нема да ви биде тежок.

Намирниците можете да ги чувате однапред исечкани, а кога ќе посакате да јадете, само да ги измешате состојките и да уживате во вкусот на шарената салата.

Потребни состојки

За салата:

  • 4 шолји поситно сечкана брокула (подготвена на пареа или пропржена)
  • 2 благи јаболки, исчистени и исечкани
  • 1 шолја ореви
  • 1 шолја моркови, тенко сечкани или рендани
  • ½ шолја суво грозје и сува брусница
  • ¼ шолја кромид, ситно сечкан

osvezhitelna-esenska-salata-so-zelenchuk-i-jabolka-zbogatena-so-dresing-02.jpg

За дресинг:

  • ¾ шолја павлака
  • 1/3 шолја мајонез
  • 1 ½ лажица јаболков оцет
  • 3 лажици мед
  • Сол

osvezhitelna-esenska-salata-so-zelenchuk-i-jabolka-zbogatena-so-dresing-03.jpg

Начин на подготовка:

Во среден сад измешајте ги павлаката, мајонезот, оцетот, медот и зачинете по вкус.

Во друг сад за салата измешајте ги сите состојки за салатата и на крај прелијте со дресингот.

osvezhitelna-esenska-salata-so-zelenchuk-i-jabolka-zbogatena-so-dresing-04.jpg

osvezhitelna-esenska-salata-so-zelenchuk-i-jabolka-zbogatena-so-dresing-05.jpg

(682)

Вашиот коментар