Печени бомбици од компир со растопен кашкавал и пршута

 
 

Ако сте љубител на секакви јадења од кои се тегне растопен кашкавал, овој рецепт мора да го пробате.

Пире од компир полнето со кашкавал, пармезан и пршута, смотано во бомбици од кои ќе си ги излижете прстите.

Тешко дека на некој нема да му се погоди рецептот, а со сигрност ќе ви стане омилен.

Потребни состојки:

  • 400 g сварени компири
  • 70 g пармезан, рендан
  • 80 g пршута, сечкана (или салама по избор)
  • Магдонос
  • Сол и бибер
  • Парчиња кашкавал или моцарела сирење колку што ќе има бомбици
  • 1 јајце, изматено и презла (за потопување и валкање на бомбиците)

Начин на подготовка:

Потребно е да направите пире од компир и да ги измешате во него сите состојки освен моцарелата (или кашкавалот), да направите бомбица, а внатре да вметнете парче моцарела или кашкавал.

Потопете ги бомбиците во изматени јајца, па во презла и ставете да се печат на 190˚С, 25 минути.

(115)

Вашиот коментар