Пита со мелено месо и печурки

 
 

Питата е неизоставен дел од традиционалната македонска трпеза, а за денес нашиот предлог за подготовка на ова вкусно јадење е следен:

Состојки:

– 1 кг брашно
– 500мл млеко
– 1 коцка квасец
– 1 лажиче сол
– јајце за премачкување
– 50 гр сусам
– 500 гр мелено месо
– Фил
– 200 гр печурки
– 4-5 лажици кечап
– 1 лажиче зачини

Подготовка:

Брашното, млекото, квасецот и солта ги замесуваме. Месиме додека не добиеме убаво меко тесто, јас во рецептот напишав дека ни треба половина литар млеко и еден кг брашно, но тоа зависи секако од самото брашно некое впива повеќе млеко не кое помалку. Тоа ќе можете сами да забележите кога е доволно меко тестото.

Откако ќе го измесиме оставаме да надојди. Откако ќе надојди го делиме на 6-7 еднакви топчиња, од кои секое го растегнуваме по малку и го мачкаме со маргарин и повторно оставаме да стојат така околу 30 минути, едно врз друго.

На самиот крај ги расукуваме во голема кора и го ставаме претходно направениот и оладен фил, од месо мелено и печурки. Виткаме по желба и повторно го оставаме уште половина час да стои вака направениот ролат. Колку повеќе се остава да кисне толку помеко е тестото.

На крај мачкаме со јајце, од горе ставаме сусам и печеме во загреана рерна додека не зарумени убаво, јас печам околу 30 минути, ама се зависи од тоа како вас ви пече рерната.

Откако ќе се испече го попрскуваме со малку ладна вода (ова ми е останато од баба ми таа секогаш така практикуваше да прави кога печеше месени работи, за да биди меко после ) и го покриваме со крпа.

За филот: печурките ги сецкаме и пропржуваме, го дадаваме меленото месо и тоа да се пропржи, ги додаваме и зачините. Оставаме да олади. Откако ќе олади служиме го послужуваме со тоа што имаме дома или секако со тоа кој што јадe…

(94)

Вашиот коментар