Полнети јајца- предјадење за чиста десетка

 
 

Од варените јајца може да се направат вкусни деликатеси, идеални за закуска во различни прилики. Секој залак од овие јајца ќе биде уживање за вас и вашето семејство. Ова предјадење одлично се вклопува на трпезата во сите прослави.

Состојки:

  • 150 гр меко сирење
  • 8 јајца
  • 50 гр пченица
  • 80 гр кисели краставички
  • 100 гр мајонез
  • 200 гр сенф
  • сол
  • бибер
  • листови од магдонос
  • целер
  • зелена салата

Подготовка:

Сварете ја пченицата во вода и оставете ја да се олади, а потоа процедете ја на платнена салфетка и малку исушете ја. Јајцата сварете ги тврдо, исечете ги на должина и извадете ги жолчките.

Сомелете ги жолчките заедно со киселите краставички, варената пченица и додадете ги листовите магдонос и целеровите ливчиња. Додадете сенф и мајонез, измешајте добро, а потоа наполнете ги празните белки од јајцата со оваа смеса.

Вака подготвените јајца декорирајте ги по желба и послужете ги.

Пријатно!

(43)

Вашиот коментар