Праски колачи

 
 

Веруваме дека повеќето ги имате пробано овие праски колачи. Тие се вистинско гурманско задоволство со „мирис“ на слатките спомени.

Состојки:
– 2 јајца
– 1 шолја маст
– 1 шолја шеќер
– 1/2 шолји млеко
– 1 кесичка прашок за пециво
– 5 шолји брашно.

За полнење: трошки од леб, 2 лажици мармалад од кајсии, 1 лажица какао, 1 шолја шеќер, малку рум, малку млеко.

За боење: 1 кесичка црвена боја за колачи, 1 дл вода, шеќер за тркалање.

Подготовка:
Пенасто изматете ја маста, додадете шеќер и добро соединете ја смесата. Ставете јајца, млеко, прашок за пециво и додека го додавате брашното замесете тесто.

Оставете го 30 минути во ладилник, па потоа од тестото одделувајте еднакви парченца големи колку кајсија и малку расплескајте ги. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 230 степни додека заруменат, одоздола треба да бидат благо кафеави.

Додека се млаки издлабете ги од долната страна со нож. Направете мали дупки за да се добие маса која ќе може да се филува. Од добиените трошки и со додавање на останатите состојки за полнење направете компактна маса. Филувајте ја секоја дупка и спојувајте по две половинки, така што ќе добиете по една праска. Во вода растворете боја, па изматете ги праските. Исушете ги и тркалајте ги во шеќерот.

Крв да ви се стори!

(53)

Вашиот коментар