Ако сакате да го изненадите семејството како врвен мајстор, подгответе бурек од кој ќе замириса целата куќа.
За појадок, ручек или вечера, домашниот бурек е асоцијација за сочен и вкусен специјалитет коj го обожаваат сите генерации.
Потребни состојки за бурек по оригинален рецепт:
– 500g кори за пита
– 300g сирење
– 250ml вода
– 125 ml масло
Подготовка:
Промешајте ја водата со маслото, а сирењето иситнете го со вилушка. Ставете две кори на тепсија обложена со масло, така што краевите ќе ги преклопуваат рабовите.
Со мешавината од вода и масло пропрскајте ги корите, па ставете уште две кори и повторете ја постапката. Ставете ги следните 2 кори, па преку нив наредете дел од сирењето. Продолжете со овој редослед, така што на секоја 6-та кора ќе ставите сирење, а на останатите само масло и вода.
Редете додека корите не се потрошат. За крај, пропрскајте малку зејтин. Потоа, замотајте ги рабовите кои ви останаа надвор од тепсијата.
Печете на 180 степени околу 1 час, додека корите не добијат златно-жолта боја.
Послужете со јогурт или кисело млеко. На здравје!
(396)