Рецепт за руски солени палачинки од сирење

 
 

Руските Syrniki или мали палачинки од свежо сирење се одлични за брз и лесен оброк.

Ова јадење, освен во Русија се подготвува и во другите источноевропски земји како Латвија, Литванија, Белорусија и Украина.

Syrniki обично се подготвуваат во блага варијанта, па така, во основната смеса од свежо сирење, јајца и брашно често се додава шеќер или ванилин шеќер, а се служат со џем, мед или слатко од овошје.

Доколку повеќе сакате солена храна, ова јадење можете да го подготвите со свежо сирење, рендан пармезан, ситно исечкан магдонос, јајца и брашно.

Кога правите Syrniki важно е да не додадете премногу брашно. Можеби на почетокот ќе ви оди малку потешко нивното обликување, бидејќи ќе ви се лепат за прстите, но можете да ги правите така што една по една ќе ги ставате на набрашнета површина, подоцна да ги попрскате со малку брашно и на крајот да ги обликувате во саканата форма.

Потребни состојки:
– 350 g свежо сирење
– 50 g брашно
– 2 лажици рендан пармезан
– 2 јајца
– 2 лажици ситно сечкан магдонос
– сол
– маслиново масло и путер за пржење

Подготовка:
Добро изматете ги јајцата и спојте ги со другите состојки во компактна смеса. Обликувајте ја добиената смеса во форма на мали палачинки.

Syrniki-vkusen-ruski-pojadok-02

Пржете ги кратко на малку маслиново масло и путер. Послужете ги со павлака, ситно сечкан магдонос и лук.

Syrniki-vkusen-ruski-pojadok-03

(98)

Вашиот коментар