Секогаш популарното јадење има десетици варијанти и начини на подготовка. Денес ви предложуваме да го припремите на следниов начин и со овие состојки.
Состојки:
– 1/2 кг мелено месо
– 1 јајце
– 1 главица кромид
– 2 лажици презла
– 1 кг свинска кртина
– 2 главици кромид
– 2 моркови
– 2 суви црвени пиперки
– 300 гр маринирани печурки
– 1 кесичка крем супа од печурки
– 1 коцка говедска супа, мелен црн бибер, црвен пипер
– 1 лажица сенф
Подготовка:
Прво од меленото месо (посолено и зачинето според вкусот), кромидот, презлата и јајцето формираме мали ќофтенца, од прилика колку орев.
Свинската кртина ја сечеме на коцки. На плотна ги печеме ќофтињата и свинската кртина.
Кромидот го сецкаме на ситно и го пржиме додека омекне, ги додаваме сецканите моркови и кога се е убаво омекнато ги додаваме маринираните печурки и сецканите суви пиперки.
Зачинуваме по вкус и додаваме ловоров лист и една лажица сенф.
Го додаваме месото и ќофтињата и убаво мешаме. Крем супата од печурки ја раствораме во 700 мл вода и ја додаваме кај месото заедно со една коцка говедска супа и едно лажиче црвен пипер.
Оставаме се заедно да динста околу 15 минути па се ставаме во земјена тава.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу два часа. Сервираме…
(645)