Сладолед од босилек

 
 

Босилекот е зачин кој добро се вклопува и во солени и слатки јадења. Но веруваме дека не сте помислиле дека може да се направи сладолед од него.

Не само што може, туку во продолжение ви го даваме и рецептот за него.

Состојки:
– 2 мали шолји листови од босилек
– 2 шолји млеко
– 1 шолја павлака за готвење
– ¾ шолја шеќер
– 1 голема лажица изрендана кора од лимон
– ¼ мала лажица сол
– 6 жолчки

Подготовка:
Ставете го босилекот, млекото, павлаката, кората од лимон и жолчките во блендер. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја смесата во сад за пржење и загревајте додека шеќерот не се истопи целосно.

Садот тргнете го од оган и процедете го низ ситно сито или цедалка. Потоа, ставете го во фрижидер. Мешајте неколку пати на половина час за да се добие убава смеса. Оставете да се замрзне.

Сервирајте со листови босилек.

Крв да ви се стори!

(47)

Вашиот коментар