Тестенини со спанаќ

 
 

Лесен и брз, може да го приготвите за ручек или вечера.

Потребни состојки за две лица:
– 4 парчиња пилешки копани, исечкани на парченца
– Маслиново масло
– 1 чешне лук, ситно исечкано
– Каранфилче, по желба
– 200g тестенини
– 400g спанаќ, чистен и измиен
– Мајчина душичка, по желба

Подготовка:
Се ставаат два садови со вода да зовријат.

Пилешкото посолете го и зачинете го со малку каранфилче и со лукот. Пржете го додека не зарумени.

Во меѓувреме ставете го спанаќот да се вари неколку минути сè додека не омекне. Сварете ги и тестенините.

Измешајте го пилешкото со спанаќот (претходно исцеден).

Со така направениот сос прелијте ги сварените тестенини и додајте мајчина душица како зачин.

Крв да ви се стори!

(23)

Вашиот коментар