Покажете се како вистински гурмани кога ќе ви дојде друштвото на гости или треба да ја бодрите Македонија во фудбал. Иако не спаѓа во категоријата на здрава храна, сланината е сепак нешто за кое сите би направиле исклучок 🙂
Потребни состојки:
– Моцарела сирење или кашкавал по желба
– Сланина
– Презла
– Јајце
Начин на подготовка:
Кашкавалот го сечеме на ленти и го потопуваме во јајце кое претходно е изматено, а потоа и во презла.
Околу секое парче кашкавал мотаме сланина, а така подготвениот кашкавал го редиме на тава обложена со мрсна хартија.
Откако ќе завршиме со оваа постапка замотаните парчиња кашкавал ги ставаме во рерна и ги печеме на висока температура околу 15 -тина минути.
Како додаток на овој вкусен рецепт може да послужат неколку типа на сосови, доматен, сос од мед и сенф или тартар.
Крв да ви се стори!
(75)