Универзално тесто – Рецепт за кифли, мекици, погачи, пити

 
 

Направете универзално тесто со две јајца.

СОСТОЈКИ:

  • 2 јајца
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 500 мл. млеко
  • 3 лажици кисело млеко
  • 3 лжици масло
  • 1 кесе прашок за пециво
  • 20 гр. квасец
  • 1 кг. брашно

ПОДГОТОВКА:

  1. Растворете го квасецот со шеќер и 200 милилитри млако млеко и оставете на топло да се активира.
  2. Ставете брашно во голем сад и додајте прашок за пециво и сол.
  3. Ставете го и квасецот во средина, ставете претходно изматени јајца и кисело млеко.
  4. Се меси меко тесто.
  5. Се премачкува сад со малку масло, па се става топката од тесто, се става проѕирна фолија и горе крпа и се остава тестото двојно да нарасне.

Уживајте!

(230)

Вашиот коментар