Едно е сигурно – ќе го обожавате ова фантастично јадење!
Состојки:
– 8 шницли
– сол
– бибер
– 2 полни лажици брашно
– 2 полни лажици сусам
– масло
– 700 мл супа или супа направена од говедски коцки
– лист магдонос
Подготовка:
Шницлите исчукајте ги како за поховање, па додајте сол и бибер од едната страна. Загрејте масло во тава, 100 – 150 мл. Загрејте помеѓу среден и силен оган.
Секоја шницла извалкајте ја во брашно и пржете ја од двете страни додека малку не порумени. Вадете ги шницлите на чинија.
Во маслото во кое сте ги испржиле шницлите ставете сусам и остатокот од брашното. Пропржете неколку минути, па вратете ги шницлите и прелијте со супа.
Намалете го огнот лесно да крцка, а пред крај додајте магдонос. Послужете топло.
Крв да ви се стори!
(32)