Шницли од компири за брз и лесен ручек

 
 

Лесно се прават, без многу состојки, а доволно заситуваат. Во момент кога ви треба брз и лесен ручек за целото семејство, подгответе шницли без месо.

Потребни состојки:
– 1 kg компири
– 1 ½ шолја брашно
– 1 јајце
– ¼ шолја млеко
– Сол и бибер

Подготовка:
Излупете ги компирите и сварете ги во вода со малку сол. Испасирајте ги и додајте им го млекото и изматеното јајце. На таа смеса додајте ѝ малку брашно за да се зацврсти и обликувајте шницли.

Во тавче ставете повеќе масло и наредете ги. Пржете кратко, додека не заруменат. Готовите шницли од компири може да ги послужите со сос по ваш избор.

(224)

Вашиот коментар