Ќофтиња од пилешко месо и тиквички

 
 

Ова може да биде супер комбинација и одличен рецепт за да се представите со нешто ново и необичаено на вашата трпеза пред роднините и пријателите.

Состојки:

  • 450 гр мелено пилешко месо
  • 1 јајце
  • 100 гр овесни снегулки
  • 250 гр рендани тиквички
  • 1 лажица сечкан лук
  • 6 лажици маслиново масло
  • сол, црн пипер

Подготовка:

Измешајте го пилешко месо со јајце, овесни снегулки, рендани тиквички и лук. Посолете и побиберете, добро измешајте и обликувајте 12 ќофтиња со еднаква големина. Загрејте масло во тава на умерена температура и испржете ги со повремено вртење на двете страни. Послужете ги топли.

(70)

Вашиот коментар