8 предлози за едноставна и здрава вечера

 
 

Голема е веројатноста дека секоја вечер се двоумите што да јадете, дали она што го сакате, или она што би требало. Не знаете дали да готвите, или повторно да порачате нешто за да ви биде поедноставно. Но, нема потреба вечерата да ви претставува толкав проблем. Погледнете ги овие предлози за здрава и едноставна вечера што сигурно ќе ви се допаднат.

1. Пржен зеленчук

8 предлози за едноставна и здрава вечера

Што е полесно од порачувањето пица? Да соберете неколку состојки, да ги исечкате и да ги испржите. Овој оброк е навистина едноставен и во него можете да ставите секаков зеленчук, протеини и храна богата со хранливи материи, да ги измешате и да направите вкусна вечера без многу напор.

Доброто е што пржениот зеленчук можете да го приготвите на безброј начини и можете да користите намирници што веќе ги имате дома. Доколку се двоумите за состојките, ставете зеленчук по ваш вкус, здраво масло како кокосовото и протеин.

Време за подготовка: 10-15 минути

2. Пица со домати и босилек

8 предлози за едноставна и здрава вечера

За повеќето луѓе, пицата е оброк што се порачува кога навистина ги мрзи да готват. Но со вистинските состојки и пицата може да биде здрава. За најбрзата верзија, купете готово тесто од пица и ставете го во рерната. Оставете го да се пече 10 до 15 минути, односно додека не добие златно кафеава боја. Потоа можете да ставите сос од домати и босилек, неколку парчиња свеж домат, свеж босилек, козјо сирење и маслинки.

Време за подготовка: 15 минути

3. Смуди од овошје и зеленчук

8 предлози за едноставна и здрава вечера

Смудињата се навистина лесни за подготовка и се едни од најздравите оброци. Во нив можете да додадете храна богата со хранливи материи, а вкусот сепак ќе биде одличен. Можеби нема да сакате да вечерате смуди, но доколку внимавате на вашата тежина или вежбате пред спиење, ова е најдобриот оброк за вас.

И овде имате безброј опции, а некои од најкористените намирници за смуди се брокули, краставица и морков, а од овошје јаболка, портокали, грозје, грејпфрут, боровинки и јагоди.

Време за подготовка: 5-10 минути

4. Чинија за појадок

8 предлози за едноставна и здрава вечера

Зошто за вечера да не јадете нешто што би го консумирале наутро? Се разбира, овде не станува збор за пржени јајца или палачинки. Повторно можете да направите смуди, но овој пат само со овошје. Потоа ставете го во чинија и додајте гранола, кокос, банана, јагоди, боровинки или што и да е што ви се допаѓа.

Време за подготовка: 5-10 минути

5. Тост со авокадо

8 предлози за едноставна и здрава вечера

Тостот со авокадо е можеби најдобриот изум на 21-виот век. Лесно се подготвува, а има неверојатен вкус. Исто така, можете да додадете состојки што веќе ги имате дома – домат, сирење, зелен зеленчук, пиперки… За многу кратко време ќе подготвите навистина хранлива и вкусна вечера.

Време за подготовка: 5 минути

6. Тортиља со марула

8 предлози за едноставна и здрава вечера

Доколку сакате сендвичи и тортиљи, но сакате да ги избегнете јаглехидратите, можете наместо тортиља да користите листови марула. Во неколку листови марула ставете домат, сланина, прелив за салата и што било друго што ви се допаѓа, како на пример варено јајце, и ќе имате одлична вечера.

Време за подготовка: 10-тина минути

7. Печен зеленчук за цела недела

8 предлози за едноставна и здрава вечера

Подготвувањето зеленчук може да ви одземе време. Но одеднаш можете да направите поголемо количество што ќе ви трае целата недела и ќе можете да го користите и за други оброци. Можете да испечете бабури, сладок компир, домати, тиквички и цвекло. Исечете го зеленчукот, додајте зачини и ставете го во рерна загреана на 200 степени. Откако зеленчукот ќе се излади, можете да го чувате во фрижидер цела недела.

Време за подготовка: 1 час за зеленчук за цела недела

8. Тако со тофу и марула

8 предлози за едноставна и здрава вечера

Испржете малку тофу и исечете една марула. Потоа измешајте ги и додајте зачини и преливи по ваша желба. Најдобро е да одберете нешто слатко и кисело, но можете да ставите каков било прелив.

Време за подготовка: 10 минути

(237)

Вашиот коментар