Авокадото е скапо, но можете да си го засадите и да си го имате во својот дом

Ова овошје е добар извор на влакна и содржи омега масни киселини кои се важни за срцето, слично како и маслиновото масло.

Поради нутритивните придобивки, авокадото стана еден од најпопуларните прилози во исхраната, но, за уште поголема негова употреба, мала пречка е неговата висока цена.

Затоа, сега ќе ви откриеме како да засадите и одгледате во домашни услови авокадо и така секогаш да ви е достапно.

Земете семка од авокадо и забијте во неа 4 чепкалки. Водете сметка да бидат некаде на половина од семката и на еднаква оддалеченост меѓу нив.

 
 

Потоа, ставете ја семката во чаша со вода, таа да се потпира на чепкалките, а долниот крај да биде во вода.

Вака потопена семката треба да стои од 2 до 6 недели, на топло место, далеку од директна изложеност на сончевите зраци.

Во текот на тој период треба да се појават коренчиња и матичен изданок. Ако стебленцето израсне до 20 сантиметри, треба да се пресече и да не биде поголемо од 10 сантиметри.

  
 

Земете еден сад, или саксија со дијаметар отприлика триесетина сантиметри, наполнете го со хумусна земја и засадете ја на средина семката, водејќи сметка коренчињата да се закопани, а семката од половина нагоре да не е во земја!

Одржувајте ја подлогата влажна, секојдневно залевајте со вода. Ако приметите дека листовите се пожолти, намалете ја количината на вода.

Ако бојата на ливчињата е темно костенлива, значи не сте го наводнувале доволно. Во таков случај, ставете ја саксијата под млаз вода, која ќе истекува од долниот крај, а потоа осигурајте се дека водата нема да се задржи во саксијата.

loading...

Тоа е тоа. Продолжете да ја одржувате билката и со тек на време ќе почнете да забележувате плодови. Сепак, ќе биде потребен подолг период.

(379)

Вашиот коментар